Џепарлакот на Ана Винтур од 200.000 долари

Во 1985-та Ана Винтур станува уредничка на британскиот Вог, 3 години подоцна ја префрлуваат на истата позиција ама на американското издание. Речиси 30 години подоцна, не е мрдната од таму.

Њујорк Тајмс се занимава малку со бројките околу Винтур, па доаѓа до тоа дека таа (непотврдено) годишно има џепарлак за облека од 200.000 долари.

Што се однесува до магазинот, во првите 5 години откако станува уредничка 13% од насловните страни биле со славни личности. Во последниве 5 години ова изнесува 93%. Омилен модел на Ана Винтур според бројот на појавување на насловни е Амбер Валета, со вкупно 17 изданија.

За време на владеењето, Винтур во име на Вог посетува над 3.000 модни ревии, а по стаж како уредник на неа и фалат 8 години за да ја достигне легендарната Една Вулман Чејс, уредничка на магазинот од 1914-та до 1951-ва.

22 август 2014 - 10:31