Што ќе ти се факти кога имаш публика?

Вест објавена во британски Телеграф пред повеќе од еден месец останува на сајтот со наслов кој е до толку неточен, што БиБиСи објави вест за неа во која ја прогласи "за статија со најнеточен наслов на сите времиња."

Уште од насловот на статијата на Телеграф "има уште 100 бакалари останати во Северното море," се гледа дека станува збор за произволно претерување. Во воведот се продолжува со мало до објаснување дека Телеграф се обидува да ги преброи само возрасните бакалари.

Подоцна во дополнување на статијата напишано по сите критики, Телеграф признава дека всушност останати се 21 милион возрасни бакалари во Северното море, меѓутоа и понатаму одбива да го промени насловот. Работа не заврши ниту извештајот на БиБиСи, во кој се нагласува дека попрецизен наслов веројатно би бил "Има уште 436.900.000 бакалари останато во Северното Море."

Дополнителен проблем е што веста на Телеграф беше пренесена и од уште неколку светски медиуми (Сандеј Тајмс, Атлантик, Дејли Меил) меѓутоа без ниту трошка критичност или анализа на бројките.

Слична ситуација имаше кога Дејли Меил објави статија со наслов "Извештајот на ХМЗ покажува дека глобалното затоплување е сопрено пред 16 години." Веста потоа беше пренесена од Фокс Њуз како основа за отфрлање на глобалното затоплување и покрај тоа што ХМЗ веќе ги имаше отфрлено тврдењата во веста.

Овие два случаи се само пример на дезинформација со цел промовирање на некоја агенда. Перфектен пример на негативниот ефект што го имаат вестите базирани на произволни податоци е - војната против дрогата.

Заради ваквите вести младите веќе научија да ги игнорираат статистиките и тврдењата на властите на тема дрога, бидејќи тие често пати се даваат во премногу очигледно погрешни примери.

Таков е случајот со веста на Телеграф во која се пренесува изјавата на еден судски вештак дека "би можел 100 пати да земеш Екстази и да нема ефект, и потоа од едно апче да добиеш удар." Работата е што на луѓето им е јасно дека статистички далеку поточна изјава би била "би можел 10.000 пати да земеш Екстази и убаво да си поминеш, и потоа од едно апче да добиеш удар."

На крајот сите овие случаи, со сите нивни измислени и надувани бројки и изјави, ги поткопуваат аргументите што човек сака да ги направи на некоја тема.

31 октомври 2012 - 09:44