Основачот на Гавкер ќе го плаќаат за да не работи

Гавкер.ком комплетно затвори, а основачот Ник Дентон комплетно е тргнат од раководењето со Гавкер медиа, чии брендови како Гизмодо и Лајфхакер завршија кај Унивижн за 135 милиони долари. Дел од договорот е Дентон ништо да не работи.

Според Вол стрит журнал Дентон лично треба да плати 10 милиони долари, а има заедничка одговорност кај уште 115 милиони долари од казната.

Како дел од договорот за купување Гавкер медиа,  Унивижн треба да му исплаќа на Дентон по 16.666 долари месечно во текот на две години, за тој "да не се поврзува со каков било друг бизнис." Ова доаѓа некаде околу 200.000 долари годишно. Како прв човек на Гавкер, Дентон заработуваше 500.000 долари годишно.

За време на постапката против Гавкер, Дентон како свој имот имаше наведено удел од 30% во компанијата и стан во Њујорк (проценет на околу 4,2 милиони долари).

* Одјавната статија на Дентон во која го воспева значењето на Гавкер (тука)
* Жестоко ироничен текст за тоа што всушност значело да се работи за Гавкер (тука)

24 август 2016 - 12:55