Новинарство на погон од носталгија

Иако насловот е подготвен за распалување со некоја тирада на тема новинарство и како не сме среќни од него, сепак се работи за многу покорпоративна тема - на новинари во редакција им пуштаат звуци од стара машина за пишување за подобро да работат.

Неделава во редакцијата на лондонски Тајмс бил инсталиран дополнителен разглас на кој цело време се пуштале звуци од луѓе како работат на механичка машина за пишување.

Саундтракот почнува нежно пишување на една машина, и од таму полека гради и како што се приближува рокот за затворање на весникот, се зголемува бројот на машини и темпото на пишување.

Еден од проблемите кој може да биде пресуден во (не)успехот за фаќање на носталгија, е што звуците во аудиото се од механички машини за пишување, кои уште кон крајот на 80-те исчезнуваат од новинарските редакции, што значи дека и не се останати многу луѓе кои некогаш работеле во околина во која машините нон-стоп чукаат.

Критиката е и дека со тек на време новинарите ќе се навикнат на овој звук па нема воопшто да му посветуваат внимание, како и тоа дали аудио еуфоријата кон крајот на денот воопшто ќе ја заврши работата.

Звукот ќе биде нешто налик ова:

27 август 2014 - 11:19