А ова е вашиот мозок на постојан циклус на насилни вести

И да не следиш вести 2016 до сега беше преполна со настани што не можат да те одминат, и ова важи дури и ако држиш до некој арогантно висок став на толеранција кон светот дека вест е само нешто што се случува во Западна Европа или САД.

Без разлика дали биле масакри во Франција и Белгија, или црнци вс. полиција во САД, речиси има востановена пракса како се развива реакцијата на публиката на секоја од овие ситуации - прво добиваш алерти на телефон, па на телевизија се појавуваат експертите (во земји каде вакви настани се следат на телевизија), па почнуваат шпекулаците на Фејсбук и Твитер, додека информативните портали гледаат да склопат сторија со што е можно повеќе слики и видеа.

"Како ова влијае на нас?

Зависи од човекот, меѓутоа животот во дигитално поврзан свет каде емитувањето насилство е инстантно и речиси секојдневно, ова значи дека голем дел од нас ја губат чувствителноста кон насилството.

Со фреквентноста на пукањата и терористичките напади кај луѓето се гради одредено чувство на анксиозност, чувство на ранливост и безмоќност.

Тие повеќе се алармирани, ама се случува и одредено губење на чувствителноста кон овие настани," објаснува психологот од Вашингтон Анита Гадиа-Смит.

Минатогодишната студија на Универзитетот Брадфорд покажува дека константната изложеност на насилни слики на социјалните медиуми може да предизвика симптоми слични на пост-трауматски стрес, кој се дефинира како "трајна емоционална реакција на трауматски настан кој сериозно го нарушува живото на човекот."

До заклучокот е стигнато откако група испитаници добиваа за читање стории од насилни настани, како 11-ти септември, самоубиствени напади и училишни престрелки. На 22% од учесниците во испитувањето биле "значително влијаело она што го виделе."

Затоа што вестите не можат да се избегнат, како мерки за заштита се препорачува прво да бидеш свесен дека следењето вакви настани на социјалните мрежи ја зголемува твојата анксиозност. Доста корисно би било и ако ја ограничиш твојата изложеност на социјални медиуми, односно резервирање на термини кога ги проверуваш - на пример проверување Твитер наутро со кафе, ама да не слушаш радио додека возиш накај работа.

18 јули 2016 - 14:49