Не давајте го лесно бројот од мобилниот

Мобилниот сè почесто се бара во формулари и онлајн регистрации. И ќе го дадете не мислејќи дека тој може да послужи како линк до сите ваши други приватни информации и да заврши на места за кои не сте сонувале дека ќе заврши.

Бројот на мобилниот сè почесто како клучен линк до сите приватните информации на граѓаните оставени на чување на разни компании, онлајн сервиси, банки и социјални мрежи. Со негова помош може да се мониторира и предвиди што следно ќе купите, посетите на интернет или гледате на телевизија. 

"Мoбилниот е своевиден клуч кон приватните соби на вашиот живот", вели поранешен агент на ФБИ за софистициран криминал. 

А регулативата вообичаено каска зад се подинамичната реалност па бројот на мобилниот телефон не е регулиран како останатите идентификациски податоци, кај нас ЕМБР или social security бројот во САД.

Вториов е создаден во 1936 година и воопшто не бил ни смислен да има толкаво значење и радиус на користење. Бил воведен заради евиденција на тогаш нова програма за работничко осигурување но набрзо се увидела користа од нумеричко идентификување па неговата употреба се проширила и на сите други сфери.

Инаку, со кражба на идентитети лани во САД се направени штети од 15 милијарди долари а 11% од Американците биле финансиски измамени со некоја телефонска дубара.

15 ноември 2016 - 10:01