Лошо

Без (алтернативен) срам и (природно) перде

Татко од Канада кој беше осуден затоа што го убил синот лечејќи го неговиот менингитис со бабини деветини, продолжува со семејниот бизнис за продавање "природни суплементи кои се вистинска алтернатива на фармацевтските производи". Повеќе

Не давајте го лесно бројот од мобилниот

Мобилниот сè почесто се бара во формулари и онлајн регистрации. И ќе го дадете не мислејќи дека тој може да послужи како линк до сите ваши други приватни информации и да заврши на места за кои не сте сонувале дека ќе заврши. Повеќе

Зошто во Кина намерно се убиваат пешаците кои ќе се згазат

Да, ова звучи како луда урбана легенда. За жал, не е. Кинезите дури имаат и изрека за тоа која им гласи "подобро да го убиеш отколку да го повредиш". Зад ваквата ужасна практика не стои ништо друго освен - логика. Повеќе

ФБИ го обвини за тероризам, тој не знае врвки да си врзе

Морничава и одлично пренесена приказна на Ескваер, за судбината на едно ментално хендикепирано момче кое системот го проценува како терористичка закана. Ќе ви ја почнеме.... Повеќе

Не секој монструм е луд

Научна студија произведе нов термин кој објаснува како е можно луѓе да сторат ужасни злостори и масакри а притоа да не се ментално болни. Повеќе

Во секој од нас се крие спортски хулиган

Продуцентка на ESPN која и на своја кожа осетила како е кога ќе се замериш со нечии спортски фанови, решила да посвети неколку години истражување за да дознае што е тоа во спортот што знае да го вади најлошото во луѓето. Повеќе

Може мој Мишко....

По американските патишта секојдневно се тркалаат десетици милиони возила со сериозен дефект кој секој момент може да предизвика фатални последици. За огромен дел од нив, највиновни се токму оние што ги возат, бидејќи едноставно ги мрзи да отидат и бесплатно да го поправат дефектот.  Повеќе

Дедо Мраз од Бардовци

Малата не може да се помири со тоа дека не постои Дедо Мраз па паѓа во вистинска депресија при што помислува и да си го одземе животот. Девојчето се вика Лин Касиди, мајка е, и има 54 години. Повеќе

Интернет жалење со порнографски елементи
Жали горо, жали Фејсбук сестро

Дали се сеќавате кој беше Иван Билински, ви текнува ли на Баже и неговата ќеркичка или пак на Ристо Калиников?  Повеќе

На кожата ѝ се стемнува од сонце

Во проектот "Ултравиолетови убавини" бруклинската фотографка Кара Филипс покажува колку штетна за кожата може да биде претераната изложеност на сонце. Повеќе