Сè што мажите не сакаат да чујат за секс

Анализата е на тема колку често паровите имаат секс. Резултатите ќе извадат бројки за кои жените веројатно се свесни, а мажите ќе бидат упорни дека тие не важат за нив.

Во истражување од 2006-та (American Sexual Behavior Study), се заклучува дека паровите меѓу 18 и 29 години во просек имале секс на секои два до три дена, додека овие на возраст од 30 до 50 имале секс околу 2 пати неделно. Кај сите постари од ова просекот е нешто помалку од 1 неделно.

"Сето ова е просек. Ако чувствувате дека сакате секс еднаш или два пати неделно, ама тоа ви претставува огромно задоволство, тогаш тоа е нормално за тебе и тоа е сосема во ред. Комплетно да одбивате секс, не е во ред.

Токму ова е поентата, не колку многу имате секс, туку дали ти и твојот партнер сте среќни со сексот што го имате. Квалитетот секогаш е поважен од квантитетот," објаснува докторот за сексуално здравје, Хери Фиш, кој нагласува дека квалитетот на сексот не зависи само од неговата фреквентност туку и колку трае.

Заклучокот на истражувањата на втората тема, траењето, е дека постои огромна варијација, од пар до пар, и тоа се движи од претерано кратко (две минути или пократко, што Алфред Кинзли на времето го нарече "чест извор за брачните конфликти") до "Дали си готов?" (над 40 минути).

"Неверојатни 45% од мажите завршуваат со секс премногу брзо, во рамките на 2-те минути на Кинзли. Ова е прилично брзо. Дури и премногу брзо за просечната жена да може да достигне оргазам само преку вагинална пенетрација. Најмалку 5 минути, а поверојатно 7, обично се потребни за жена да може да постигне оргазам," посочува Фиш.

22 април 2014 - 10:38