Нова генерација јапонски камиказе

Иако старите Јапонци сè поинаетливо го одложуваат умирањето, не можат бројно да ѝ помогнат на нацијата со килава младина: над 40 посто полнолетни млади луѓе се девици. Не во хороскоп.

Истражување на јапонскиот национален дмеографски институт покажал дека во групата од 18 до 34 години кои не се во врска, над 40 проценти се сексуално невини.

42% од машките, 44,2% од женските.

Ваквиот масовен нејебитис фрла тешка сенка врз иднината на јапонскиот народ кој за само 5 години се има намалено за еден милион луѓе.

Јапонија има рекорден број стогодишници и генерално едно од најстарите населенија на светот (види ја статијата "Еј, старости, старости, јапонско оружје") а за да ја зголеми стапката на прираст, засега неуспешно владата има преземено низа иницијативи за охрабрување на влегувањето во брак и родителството.

Ама младиве ни сефте да направат. Пред пет години, бројот на сексуални девици меѓу младите изнесувал околу 36 проценти.

Иако е тоа земја на манга стрипчиња и високо сексуализирана поп култура (а и Мариjа Озава добро се држи), во суштина во Јапонија сè уште е доминантен конзервативизмот кој со чудење гледа на имање деца вон брачна заедница или пак на продолжување на кариерите на жените кои родиле.

21 септември 2016 - 16:53