Мислам, значи не сакам

"Во секој случај, оженете се. Ако ви се погоди жената, ќе бидете среќни, ако не ви се погоди, ќе станете филозофи". Така викаше Сократ. Имаме три примери на генијални филозофи кои знаеле сè, освен да сакаат.

Жан Жак Русо
(човекот е добар само бебињата му пречат)

Еден од најзначајните ликови на Ренесансата тврдеше дека човекот во суштина е добар само општеството го расипува. За него, семејството кое се темели на брак меѓу жена и маж е основен атом на општеството.

А сега вака:

Бил бескрајно промискуитетен а долго време живеел во тројка, со една благородничка и нејзин вработен. Раскинуваат кога добива работа во друг град.

Откако високото друштво му досадува, наоѓа една неписмена шивачка и живее со неа. Ќе имале големо семејство доколку не ги отфрлале своите деца. Ги имале вкупно 5 и буквално сите ги дале во Дом за несакани деца. Русо тврдел дека малите само ќе му пречеле во неговата работа.

Дури откако се ослободиле од нив, решиле да се венчаат. Церемонијата не била легална бидејќи тогаш не биле дозволени бракови меѓу католици (Русо) и протестанти (жена му).

Никогаш не и се обраќал како на своја сопруга, секогаш ја третирал како куќна помошничка. А му помагала во куќата се до неговата смрт.

Аристотел
(добро намазан женомрзец)

Позната е неговата одбивност кон жените. Најнежно што кажал за нив е дека се припитомени животни. Инаку ги сметал за монструозни суштества со дефектен карактер. Причината ја гледал во (неточниот) факт дека имаат постудена крв и живеат пократко од мажите.

Толку бил незаинтересиран што тврдел и дека имаат помалку заби од мажите. А не дека не можел да го провери тој податок. Имал две жени. На 37 години ја зема првата, Питија, 20 години помала од него. Не издржува Питија долго со него па умира млада. Втората има малку зезнато име, се викала Херпилис. Како му одело со неа, говори неговиот тестамент во кој инсистира да биде закопан до Питија.

Генерално, жените не го занимале. Како што сведочи Сократ, Аристотел најмногу сакал да шета и философира со своите млади ученици по што доаѓал педагошкиот десерт – меѓусебно триење со маслиново масло.

Луј Алтизер
(марксист и масер)

Ја губи невиноста дури на 30 години а и тоа му дошло некако пребрзо. После првиот секс со искусната 37 годишна Хелен Ритман, паѓа во тешка депресија и завршува во болница, каде што го дигале со електрични шокови.

Но, бргу ја совладува првичната траума, се жени со Хелен и почнува да ја мами со други жени. Бракот им бил насилен, со многу кавги и физички пресметки.

Хелен често се заканувала дека ќе се самоубие.

Не стигнала, бидејќи Луј ја убил. Додека ѝ го масирал вратот, "случајно" ја задавил. На ужас на јавноста, судот го прогласува за непресметлив да одговара за злосторот. Поминува три години во психијатриска установа по што е пуштен дома.

За Маркс бил рентген но никогаш не можел да го разбере спротивниот пол. "Проблемот е што постојат тела, а најлошо од сè, постојат и сексуални органи," размислувал Алтизер.

 

20 април 2012 - 16:59