Мажи, нека биде лабаво

Темата е машка долна облека и како таа влијае на бројот на сперматозоиди. Општоприфатениот став е дека високата температурата не влијае добро на бројноста. Дилемата е дали да се носат тесни или широки гаќи.

Во студија од 2012-та на група мажи на возраст од 25 до 35 години кои имале барем едно дете им се дава да носат специјално дизајнирана долна облека 14 до 16 часови на ден. Оваа долна облека ги кревала тестисите многу повисоко во телото отколку регуларната, со што значително се зголемила и нивната температура во однос на нормалниот просек.

Мажите оставиле примероци од сперма пред, за време и по носењето на оваа долна облека. По четири недели во овие гаќи бројноста на спермата кај мажите била речиси на нула, на последната проверка само тројца од пет мажи воопшто имале сперма во ејакулатот.

Добрите вести се што по само неколку месеци назад во нормална и поширока долна облека, бројноста се вратила на исто нив како и пред експериментот.

Во студија објавена во Лансет журналот, 12 мажи цела година носеле широки и тесни боксерици. Резултатот е дека во периодите на тесни боксерици бројноста на спермата била на половина од периодите кога носеле широки боксерици, а нејзиниот квалитет на околу една третина.

"Веројатно од исти термички поврзани причини, интензивниот велосипедизам е поврзан со мала бројност на спермата. Ама треба да се каже дека овој ефект најдиректно е демонстриран кај многу сериозните велосипедисти. Пример е студијата од Клиничкиот журнал за спортска медицина, во која вакви ефекти се покажале кај мажите што возеле велосипед 12 до 16 часа неделно.

Проблемите со топлината и машката плодност има и кај топлите бањи, сауни, џакузија, електрични ќебиња, како спиеш, па дури и температурата... Проблем може да биде и лаптоп во скут, меѓутоа исто како и со велосипедизмот, и ова зависи од тоа колку често и долго го користите.

Што се однесува до другите грижи на мажите - вежбање, тежина, стрес - единствено нешто што има конзистентно докажан ефект на спермата е тежината. Поголемиот БМИ го намалува бројот на сперма и нејзиниот квалитет," пишува Емили Остер во анализата на повеќе студии за сајтот 538.

28 јануари 2015 - 10:23