Кодексот на тројката

Магазинот Татлер важи за библија на британската висока класа, а го читаат и љубопитни луѓе кои би да видат како живеат оние кои животот ги погалил повеќе од нив. Во последниот број, објавија правила за однесување во сексуални тројки.

"Тројка е како да зборувате со оној од спротивната страна на масата. Не смеете да дозволите луѓето во средина да се чувствуваат запоставени," вели упатството кое потсетува дека и во животот и во сексот, особено тричлениот, великодушноста и манирите имаат пресудно значење.

Татлер препорачува тројкашите особено да водат сметка за својот изглед и хигиена бидејќи "влогот е удвоен", како и да не помислуваат да носат луѓе в кревет доколку имаат сексуално пренослива болест.

Покрај ваквите базични препораки, постојат и некои поспецифични. На пример, ако посакате да имате тројка во туѓа куќа, учтиво е тоа прво да им го понудите на вашите домаќини. Исто така, пишманењето е дозволено сè додека имате облека на себе. Кога луѓето ќе се разголат, непристојно е да се покажуваат дилеми.

Во туторијалот на Татлер се вели и дека после сексот во тројка, треба да заборавите на посткоиталните ритуали на двокомпонентниот секс, како што се галења, појадување в кревет и слично.

Кога во некоја следна прилика ќе налетате на лице со кое сте имале тројка, учтиво е да се бакнете во образите (оние на лицето) и да оставите впечеаток на учтива рамнодушност. 

Инаку, Татлер постои од 1901-ва година, има мала но надмена публика а да имате претстава колку е тоа тотално елитистички магазин, во истиот број за тројките има и прилог "Како да се однесувате доколку сте гостин на пријател во неговата вила во Тоскана".

20 декември 2014 - 13:23