Како сексот може да остане меѓу сопружниците

Звучи апсурдно ама таков е животот. Женет маж нарачал проститутка по интернет. На врата му се појавила неговата сопруга. Најинтересно е кога ќе помислите дека тоа нивното и не би било вонбрачен секс.

Според сторијата на Јунајте џуз, 54 годишен маж решил да се почасти со сексуална работничка за да сфати дека тоа е жената со која 17 години е во брак.

Им рекол на домашните дека оди на пијачка со колегите но наместо тоа, заминал во мотел, се закачил на интернет и букирал проститутка опишана како „атрактивна 26 годишна девојка“.

На фотографијата била прикажана од главата надолу а тој очигледно не бил детално запознат со торзото на својата жена.

Кога се сретнале, номално, не се знае кој од кого бил поразочаран. Факт е дека таа би имала аргумент повеќе - настрана моралот на кој двајцата паднале, во однос на финансиите таа е во предност бидејќи во случајов е на приходната страна на домашниот буџет, за разлика од маж ѝ.

Дополнителен удар за него е и правниот аспект на случајот бидејќи може да одговара за ангажирање секс за пари. Иако е тоа неговата сопствена жена а плус не добил 26 атрактивна девојка туку 48 жена од која и побарал одушка. Ама законот за заштита на потрошувачите во моментов не му дава право на рекламација.

18 јули 2017 - 21:23