Би платиле ли некому да раскине наместо вас?

Раскинувањето знае да биде мачно и непријатно и генерално бара извесен напор за на човекот со кој до вчера си бил заедно да му се објасни зошто веќе не оди така и зошто е подобро секој да си фати свој пат. За среќа на оние кои немаат муда да минат низ тоа, живееме во свет во кој и тоа може да се плати. 

Зад Breakup Shop стојат двајца млади браќа од Канада кои на идејава дошле откако на едниот од нив му се случил „ghosting“, термин кој се користи кога некој преку ноќ комплетно ќе го снема од врската и од животот.

Во последниве 18 месеци имаат раскинато стотици и стотици врски кога нивната услуга ја побарал некој од двајцата кој не сака лично да минува низ целиот тој процес.

„Многу е полесно некој друг да го обави тоа бидејќи раскинувањето знае да биде многу чудно или непријатно,“ вели еден 28 годишен дечко кој во неколку наврати ги користел услугите на Breakup Shop за да стави крај на врската во која се наоѓа.

Цената им е од 10 долари за да раскинат преку СМС или меил до 80 долари во кои следува и кутија со „последен подарок“ со колачиња и вино.

Велат дека ги персонализираат пораките за раскинување но никогаш не влегуваат во хејтерски сценарија.

Кога сме кај персонализирањето, да, постои и машина која не само што знае да држи пенкало туку и да го имитира ракописот на оној што сака да остави впечаток дека „лично се потрудил“. 

 

7 мај 2017 - 10:17