Q&A со Питер Богданович

"Не читам негативни критики. Кога некој пука на тебе, не запираш за да провериш кој калибар се куршумите со кои те пукаат".

Петар Богдановиќ е од старата гарда филм-мејкери. Пријателството со Орсон Велс го инспирира филмските рецензии да ги замени со филмско творештво. Со Вуди Ален го дели страста за многу дијалози и неизбегнување хумор кој може да биде и навредлив. Економист му постави пар прашања: 

Што мислиш за филмот денеска?

Мислам дека ова не е голем период за Холивуд. Прават главно научна фантастика, специјални ефекти и филмови за суперхерои а сето тоа мене не ме интересира посебно.

Интересно е што за време на Продукциоскиот кодекс (збирка морални упатства наметнати од филмските студија во периодот 1930- 1968) луѓето успеваа да прават зрели филмови за возрасни луѓе. Денес имаме комплетна слобода - што сакаш можеш да ставиш на платно - а сепак повеќето филмови не се за возрасни туку се  - детинести.

Вашата работа последниве 45 години предизвика критики исто колку и пофалби. Што мислите зошто е тоа така?

Дарлинг, не знам јас тоа. Не читам негативни осврти. Кога некој пука на тебе, не запираш за да провериш кој калибар се куршумите со кои те пукаат.

Познати сте по тоа што сакате да правите омажи.

Искрено, никому не сум му направил омаж. Бев под влијание на некои луѓе и мислев на нив. И чувствував дека е погрешно кога Џон Форд не можеше да снима филм а јас можев. Кога Орсон Велс не може да добие филм а јас сум добил. Ми беше тоа незгодно, посебно што јас многу научив од тие луѓе. Ми станаа пријатели. Денес ги нема но спомените на нив остануваат.

Имате спомнато дека ве загрижува родовата нееднаквост. Се сметате за феминист?

Не знам како да се справам со тоа "феминист". Не сакам да ме класифицираат. Но секако длабоко верувам дека нерамноправноста меѓу мажите и жените е веројатно најголемиот проблем со кој денес се соочува светот. Тоа се одразува на сè, вклучувајќи го и Холивуд.

Луѓето забораваат дека првите филмски ѕвезди беа жените. Тие беа главни уште од 20-тите години на минатиот век. Но, до 60-тите некако беа избришани. Тоа е огромен проблем и според мене една од клучните причини зошто денес филмовите не се интересни. Работите стануваат малку подобри. Денес има повеќе режисерки во Холивуд но на жена која минала 40 години сè уште ѝ е тешко да добие добра улога.   

30 јуни 2015 - 10:46