Нездрава храна што и не е така лоша за вас

Дали некој храна е штетна за вас генерално зависи од тоа колку ја консумираш и со што ја појачуваш и дополнуваш. Добар дел од јадењата кои до сега се сметаа за најголеми душмани, во последните години добиваат помилување од науката.

Списокот е од Саманта Хелер, регистриран диететичар на Лангон Медицинскиот Центар во Њујорк.

1. Компирот природно не е здрав за вас ако ви го принесуваат потопен во сланина, кашкавал и павлака. Во својата природна состојба компирот е добар извор на витамините Ц и Б6, и влакна (ако не го лупиш). Стави му салса, маслиново масло или печен лук, и пак ќе добиеш вкусен компир што е во здрави граници.

2. Точно е дека путерот од кикирики содржи 200 калории на 2 лажички, меѓутоа олеснителната околност е што тој е преполн со здрави масти кои му помагаат на организмот да ги апсорбира клучните витамини од останатата храна што ја јадете. Тука посебно треба да внимавате да ги избегнувате верзиите со намалени маснотии, кои се добиваат со вадење на добри масти и дополнување со шеќер и останати додатоци кои треба да го надоместат изгубениот вкус и текстура. Наместо тоа, Хелер препорачува природен путер од кикирики, бадеми или индиски оревчиња, кои се направени чисто од јатки.

3. Обичен путер во мали количини не е толку лош за вас, барем не во споредба со маргаринот кој содржи ист број калории, ама пет пати повеќе транс-масти, кои го креваат нивото на лошиот холестерол и го намалуваат добриот. Путерот има повеќе заситени масти отколку маргаринот, ама неодамнешните истражувања ја побиваат идејата дека заситените масти предизвикуваат срцеви заболувања. Ова никако не значи дека треба да изедеш пакло путер, ама не прави драма ако во некој рецепт има путер.

4. Шеќерот по дифлот се поврзува со храни полни со калории и без хранлива вредност - торти и бонбони. Сепак, кога јадеш шеќер, твоето тело него го претвора во гликоза, која што претставува гориво за секоја клетка од твоето тело, од мозокот од мускулите. На пример, овошките содржат природни шеќери, ама ако твојата исхрана генерално е здрава, не е никаков зијан да додадеш мед во чајот или шеќер во кафето. Само гледај да не претераш со благо.

5. Пица од време на време нема да биде смртоносна, ама гледај и тогаш да има некаков зеленчук на неа и да не претераш со кашкавал. И гледај да не ја изедеш целата.

6. Пуканки, не во кино варијанта каде што се преплавени со путер и сол. Испукани во природна состојба, без путерите и слични додатоци, една шолја пуканки има 31 калорија.

7. Јагленхидрати се во ред се додека се фокусираш на интегрална паста, леб, ориз и сл. Без разлика на лошата репутација јагленхидратите од интегрална храна содржат влакна и хранливи состојки кои го контролираат вашиот дигестивен систем.

8. Според неколку нови студии кашкавалите како дел од микс на регуларни и "лајт" млечни производи го намалуваат крвниот притисок, ја стабилизираат шеќерта во крвта и ја контролираат вашата тежина.

21 ноември 2014 - 15:43