Нема рибешко како пилешко

Во земјата од која ни дојде Кембриџ програмата секое петто дете верува дека рибините прсти се направени од - пилешко месо. Се разбира, не е сè до програмата, нешто и до родителите е. 

Рибешкото е пилешко, сирењето расте на дрво а патлиџаните под земја, се дел од наодите на анкета на преку 5.000 британски деца на тема храна и од каде таа доаѓа.

Една третина од седум-годишните деца не знаат дека сирењата и кашкавалите се од животинско потекло а на 11 годишна возраст на секое четврто дете уште не му се разјаснила таа работа. 

Но затоа 22% од помалата група а 13% од поголемата веруваат дека од животинско потекло се  тестенините.

Дури и во групата 14-16 години, десет проценти од децата очигледно не виделе домати па мислат дека тие растат по земја. Ист е процентот на оние деца кои веруваат дека овошните бонбони им се рачунаат во пожелната дневна доза овошје.

Не е направена анкета во Шумадија но сигурни сме дека таму има доста деца кои веруваат дека јаболката доаѓаат од устата на прасињата.

12 јуни 2017 - 10:20