Кинеско решение за македонски проблем на шведска маса

Една од најголемите мистерии (после онаа прочуена: за што е талентиран Мирко Попов?) гласи: како да се заузда лакомоста на македонски турист кој уплатил "ол инклузив" аранжман? Има одговор. За второво.

Ресторан за кинеска храна во Велика Британија кој за само 6 фунти нуди неограничено јадење ги известил своите муштерии дека ќе платат казна доколку не изедат сè што ставиле во чинија.

Упрвата на ресторанот проценила дека е фер да им наплати екстра 20 фунти на оние кои од "шведската маса" трпаат сешто во чините а после не го јадат тоа па храната мора да се фрли.

Ресторанот е ригорозен ко мајка: на едно семејство им била наплатена глобата иако зад себе оставиле само две кругчиња кромид, мал тост и пирошка.

Некои од муштериите завршиле во полиција пополнувајќи пријави против ресторанот а некои со помалку време признаваат дека храната што не можат да ја изедат ја виткаат и ја ставаат во чанти и торби, само за да не ги реметат на каса.

"Јадевме салати и тргнавме да земеме нешто за главно јадење кога човек од ресторанот нè предупреди дека имаме уште малку салата во чиниите," сведочи за британскиот печат муштерија на ресторанот.

17 мај 2012 - 15:02