Јадењето не е полнење бензин

Зошто беше крајно време да воведеме кујна? Затоа што податоците за навиките и исхраната на модерниот човек се очајно алармантни.

* 60 проценти од луѓето воопшто не забележуваат никаков вкус додека јадат, главно затоа што се зафатени со нешто друго.

* 79 проценти не можат да ги разликуваат основните вкусови.

* Само 13% јадат подалеку од нивното работно место а половина од сите признаваат дека за нив ручекот е само начин да се наполни стомакот.

Ова е дел од резултатите на едно истражување на преку 1.000 испитаници во Велика Британија кое покажало дека начинот на живот крајно го осиромашува нашето чувство за вкусови и ја деградира почитта кон храната.

Дел од испитаниците биле подложени и на тестирање во кое им биле дадени 8 различни сендвичи:

- Луѓето препознале само 35 проценти од состојките.

- 93 % не разликуваат говедско месо од свинско месо на кинески начин.

- 92 % не разликувале шунка од туна.

- 78 проценти не воочиле разлика меѓу пилешко и свинско месо.

Експертите препорачуваат да се обрне внимание на она што се јаде. Ни работа, ни меилови, ни твитови, ни читање, ни телевизија. Голтањето храна додека се прави нешто друго не е јадење, туку трпање храна во организмот.

Кога сме зафатени со нешто друго, храната ја консумираме многу побрзо од вообичаеното а додека мозокот успее да прати сигнал дека сме најадени, веќе сме – прејадени.

21 мај 2012 - 14:17