Иднината сепак ќе биде вкусна

Идејата дека во иднина човештвото ќе се прехранува со штурци и скакулци е фикс кај најголем дел од футуролозите. Моментално во САД има 30 стартапи кои работат на комерцијализација на штурците како јадење. Добро е што веројатно нема да бидат во право.

Теоријата е дека скакулците ќе ја преземат функцијата на свинското, говедското и пилешкото месо, и ќе бидат главен извор на протеини во системот на исхрана на луѓето. Предноста на скакулците е во тоа што се навистина ефикасни во претворање на растенијата во протеини. За разлика од нив говедата се крајно неефикасни.

Според документ на ФАО "на штурците им се потребни 6 пати помалку храна отколку на говедата, 4 пати помалку отколку на овците и 2 пати помалку отколку на свињите и кокошките за да произведат иста количина на протеин."

Универзитетот Калифорнија, Дејвис, направи истражување на "скакулец теоријата" тестирајќи скакулци на различна исхрана и различни услови. Заклучок - покажале многу малку подобрување во конверзијата на храна во протеин.

Тие наоѓаат два проблеми. Првиот, скакулците биле сместени многу погусто отколку во претходните помали студии. Оваа густина, според нив, веројатно предизвикала поголем метаболички трошок бидејќи морале повеќе да патуваат за да најдат храна и вода. Второ производството на житарки кои се користат за сточна храна трошат многу енергија, намалувајќи ги потенцијалните бенефити од производството на скакулци.

"Истражувањето од Дејвис покажа дека скакулците убаво можат да напредуваат на исхрана од филтриран отпад од продавници, и дека еколошкиот отисок од ова е многу помал отколку идентичната количина на сточна храна.

Сето ова потсетува на дебатата за био-горивата. Произведени од купишта отпад тие можат да бидат подобра алтернатива на фосилните горива. Произведени од чисто масло извадено од палми посадени на земја која претходно била амазонска шума, тие се лоша алтернатива на фосилните горива," пишува Алексис Мадригал во Фјужн.

17 април 2015 - 12:00