Цел ден овошје и пак дебели

Луѓето никогаш повеќе не јаделе овошјје и зеленчук како денес па сепак никогаш не биле толку дебели како сега. Зошто е тоа така?

Краткиот одговор е дека освен што јадат повеќе овошје и зеленчук, јадат повеќе и сè друго.

Добронамерните совети за земање поголеми дневни количества емиш и зарзават се темелат на претпоставката дека јадејќи повеќе вакви намирници, човекот ќе намали од другите, помалку здрави намирници.

За жал, човекот не јаде така. Да, тој ќе изеде порција салата зеленчук или овошје, ама после тоа ќе збута уште нешто.

Иако постојат јасни социо-економски разлики во однос на дебелината (на оваа тема пишувавме во "Зошто богатите жени не се дебелеат?"), сепак проблемот со тежината ја имаат сите, без разлика на својата класна, полова, верска и друга припадност (иако има и поинакви показатели кои ги наведовме во "Америка помалку јаде, ама џабе и е").

А просечен Американец денес годишно јаде околу 30 килограми повеќе овошје и зеленчук отколку во 70-тите. 

Едноставно, луѓето денес јадат повеќе од сè. Во 1970-тите просечна доза изнесувала 2.100 калории дневно, денес е 2.500 калории.

Во кој облик ќе се земаат тие калории, зависи од модата. Кога во 90-тите години царуваше лудилото по "ниско калорична храна", мастите (види: "Како мастите ни станаа непријател?") беа потиснати со огормни количини јаглехидрати. А подоцна, кога хит стана диетата на Аткинсон, јалехидратите беа потиснати од новата љубов кон протеините.