Бактериите ни го одредуваат менито

На научниците со деении им е јасно дека она што го јадеме може да го менува балансот на бактериите кои ги имаме во дигестивниот тракт. Но, се чини дека се работи за двонасочна улица: и бактериите имаат влијание врз одлуката што ќе го одбереме за јадење.

Сè уште е мистерија начинот на кој влијаат овие трилиони мали гости во нашиот организам кои колективно се нарекуваат микробиом и се своевидна гастро лична карта на секоја индивидуа. Но, сега научниците откриле специфичен тип на дигестивна флора која на домаќинот му помага да детектира кои прехрамбени елементи му недостасуваат и да му сугерираат колкава доза му треба. Претпоставките ги проверувале на експерименти со муви кои, во зависност од тоа што им се случува во организмот, посегнувале или по шеќер или по квасец богат со протеини. 

Притоа, бактериите не само што ги заменувале нутриентите кои недостасуваат со тоа што самите ги произведувале дефицитарните амино киселини туку функционирале и како мали метаболички фабрики, трансформирајќи ја храната која ја добиваат во онаква каква што им треба.

Два вида бактерии се покажале особено влијателни врз апетитот на домаќинот: Acetobacter и Lactobacillus. „Фасцинантен е начинот на кој мозокот ги толкува овие стокови информации но нашите истражувања покажуваат дека микробиомот има клучна улога во тоа што животното ќе одбере да јаде“, вели еден од истражувачите.

Како функционира оваа комуникациска линија стомак - мозок сè уште не е најјасно но извесно е дека бактериите имаат и свои еволутивни причини да комуницираат со мозокот на својот домаќин.

30 април 2017 - 22:05