Прашај ме колку е саат

На човечката потреба да се курчи со работи кои не може да си ги дозволи често одлично се заработува. На овој бизнис со рентање луксузни часовници инвеститори типувале со осум милиони долари.

Компанијата Елевен Џејмс постои две години и се занимава со "динамички пристап" кон часовниците. Тоест ви ги рента за годишна претплата.

Функционира како што функционираше Нетфликс со ДВД-а на времето. Изнајмувате, ви проаѓа ќефот, го враќате и добивате нов.

Претплатата чини од 150 до 800 долари годишно. На колку поскапа претплата сте, толку поскапи часовници добивате "да ги поносите", обично од три до шест месеци (да имате време на сите да им се искурчите). А имаат сериозно мени со стотина врвни марки и модели, кои чинат и над десетина илјади долари. На располагање ви се Ролекс, Филип Патек, Тудор, Бреитлинг и многу други.

Имаат неколку илјади претплатници а неодамна во компанијата биле инвестирани околу 8 милиони долари. 

 

24 јуни 2016 - 20:19