Шкрели не може да најде порота која не го мрази

Адвокатскиот тим на Мартин Шкрели се соочува со консеквенците од она на кое тој своевремено беше многу горд: сите да го познаваат како ѓубре од човек.

Озлогласениот фармацевтски лакомец се соочува со неколку кривични пријави за измами со фондови. Некои од нив носат затворски казни и до 20 години. Но неговата адвокатска екипа се мачи да најде непристрасни членови на порота кои за него не мислат сè најлошо, а би биле задоволни и да не слушнале за него.

Тешко е и првото и второто, бидејќи Шкрели своевремено својски го поттикнуваше негативниот публицитет околу него, кога дигна цена на лек против сида за безобразни 5.000 проценти или кога за големи пари откупи албум на Ву Танг.

„Кога тој човек ќе го погледнам во очи, јас гледам змија“, рекол еден од кандидатите за поротници кој бил одбиен од одбраната,како и многумина други.

Адвокатите на Шкрели откриле дека нивниот клиент во меѓувреме станал синоним за фармациски зла па добар дел од кандидатите му припишувале и афери со лекови зад кои тој не стои.

29 јуни 2017 - 09:14