Мораториумот на се што е Робин Вилијамс

Ниту еден дел од имиџот, ликот и делото на Робин Вилијамс нема да смее да се користи во следните 25 години. Не по барање на неговото семејство (кое веќе се испокараа меѓу себе и се на суд за да видат кој што ќе добие), туку по барање на актерот.

Според трустот на Робин Вилијамс правата на неговото име, потпис, фотографии и лик се оставени во наследство на Виндфол фондацијата, добротворна организација формирана од правните застапници на починатиот актер.

Има два важни аспекти кои произлегуваат од оваа одлука.

Прво, трустот не дозволува користење на правото на публицитет на Робин Вилијамс во рок од 25 години. Ова значи дека тој нема да се појави во ниту една реклама барем до 11-ти август 2039-та година, или пак каде било да се појави во каква било форма, на пример холограм со негов стенд-ап или дигитално инсертирање во филм).

Во случај фондацијата да не се квалификува за одбивање данок по добротворна основа, трустот задолжува правата од публицитет на Робин Вилијамс да бидат дистрибуирани на една или повеќе добротворни организации со слична цел (Доктори без граници, борба против СИДА...) кои се подобни за ослободување од данок.

Со ова, Вилијамс не само што ја контролира постхумната експлоатација на неговото дело, туку спречува и спор каков што во моментот има имотот на Мајкл Џексон со даночната управа за тоа колку се вреднуваат правата на публицитет на починатиот пејач. Федералните власти тврдат дека наследниците должат 500 милиони долари во даноци за правата на публицитет на Џексон и речиси 200 милиони долари во казни. Спорот се решава во американскиот даночен суд.

31 март 2015 - 16:14