Како Мет Дејмон вежбаше за да изгледа како Џејсон Борн

Најважно е на денот на снимање да не се пие вода. А месеците пред тоа да се откостиш од вежбање.

Во последниот филм за Борн, Дејмон изгледа како постариот брат на сите претходни Борнови, кој само што се вратил од 5-годишна обука за специјалци. Одговорен за ова е тренерот Џејсон Волш, кој пред некоја година почна да го кали Дејмон за улогата во Елисиум.

Дејмон во Елисиум

Двајцата се разделуваат по крајот на снимањето на Елисиум, за по една година Дејмон пак да го побара Волш, откако му закажуваат снимање на три филма по ред: Марсовец, Големиот ѕид и Џејсон Борн. Кога доаѓа на ред снимањето на последниот Борн, режисерот на филмот му кажува на Волш дека Дејмон треба да глуми лик кој истовремено е ментално и физички истоштен.

Тука почнува програмата и како што објаснува Волш, "душата му ја извадив без притоа да го скршам."

Во периодот пред почетокот на снимањето, Волш го става Дејмон на Версаклајмбер, кардио опрема која го разработува целото тело, и симулира качување по скали / планина, ама многу побрзо. Меѓу вежбите што тој ги има на справата е за колку време може да стигне до 60 метри или колку најбрзо може да крене за една минута.

Освен Версаклајмбер, во дневната програма се вклучени и вежби како:

- 100 стомачни со собрани нозе
- 300 склекови
- Чучњеви 50 повторувања
- Скокови од чучњеви 50 повторувања
- Кревање на шипка со 15 кг. тегови врзани на струк
- Чучњеви со една нога, и тегови од по 55 килограми во секоја рака
- Туркање и влечење санка

Вон вежбањето, Дејмон има готвач кој му ја ограничува храната на 2.000 калории дневно за време на снимањето, а Волш му ограничува и колку вода ќе пие "терајќи го на раб од дехидрација за да може да ги истакне гламурозните мускули."

"Почнуваш со намалување по малку вода на седум дена пред почетокот на снимањето. После тоа пак намалуваш на два дена пред конкретно снимање, и потоа на денот од снимањето немаш многу вода во твојот систем," објаснува Волш.

На крај Волш му признава на Дејмон дека се растурил од вежбање, и дека "многу луѓе не знаат како е да вежбаш толку напорно и толку долго, работиме година и пол без престан! Стварно сум горд на него."

Уште една работа, дента кога завршило снимањето Дејмон пред приколка го чека голема пица.

28 јули 2016 - 15:35