Бонд ќе ја отвори Олимпијадата

Даниел Крег ќе го глуми Бонд, во краткиот филм за отворањето на Олимписките игри, откако од Бакингемската палата доби покана што не може да ја одбие.

Кралицата Елизабета испратила лична покана до Крег да глуми во воведниот филм режиран од Дени Бојл, во кој Бонд добива мисија да ја започне Олимписката церемонија.

Во филмот "The Arrival," Бонд ја дознава својата мисија во Бакингемската пaлата, потоа со хеликоптер пристигнува над Олимпискиот стадион, каде се приземјува со падобран.

Гласините дека и кралицата ќе се појави во видеото се уште не се потврдени.

Инаку, во 2012-та се одбележува 50-годишнината од Бонд филмовите.

3 април 2012 - 10:01