Зезалици

Живот администраторски
25 Април 2017

Тоа што вие сте престанале да читате BOFH не значи дека во меѓувреме систем администраторите почнале да се расправаат со технолошко просветлени суштества... Ни најмалку. Пак се истите пациенти, ама овој пат побројни. Повеќе

Замина Раша Попов
24 Април 2017

Во 84 година од животот деновиве почина Раша Попов, новинар, забавувач, учител и симбол на многу детства. Зборуваше тој и за Боб Дилан и Марк Твен, за Гуливеровите патувања и најдобрите француски вина, но и за ѕвездите, осаменоста, љубовта и вистината... Повеќе

Ги оставив молерите сами во станот и подобро да не се вратев
23 Април 2017

Тој 6 август беше најлошиот ден во мојот живот. Добро, можеби не баш најлошиот ама сигурно најлошиот 6 август на сите времиња. Сè започна кога мајка ми успеа да ме убеди да не бидам во станот кога молерите ќе дојдат да фарбаат. Колку само се каев кога 15 часа подоцна ја отворив вратата и влегов во својата дневна соба. Повеќе

Велешко мезе
22 Април 2017

subject: Velesko meze??? Da ne si ja bara UREDNIKOT beljata ???? !!!! Повеќе

Безгласно пијанчење
22 Април 2017

Конечно наидовме на несоборлив доказ за вистиноста на онаа изрека дека колку повеќе јазици знаеш, толку повеќе вредиш. Повеќе

Буквално уличен дизајн
20 Април 2017

Идејата е на берлинскиот уметнички колектив Raubdruckerin (пиратски печатач, отприлика) кои направија печатница од својот град. Земаат бланко маички, торби или што и да е, мастило и валјак, и бараат шахти и слични урбанистички елементи низ градот. После само мачкаш и притискаш. И така низ еден куп градови. Повеќе

За кое изгубено време ќе се каете кога ќе остарите
19 Април 2017

Како прво, треба да знаете дека на смртна постела никој не се покајал: „Ах, што не поработев малку повеќе“. Ок, а сега да отвориме уште некоја чакра. Повеќе

Неколку песни што погрешно ги имаш сфатено
18 Април 2017

Изборот е од Сиенен на поп-рок, па и не е така страшно што само чекаш да дојде рефренот за да го рокаш. Страшно е кога имаш свадба со Розо моја од Ибуш (Ние двајца многу можевме / А среќа немавме да се земеме), Туѓа си бескрајно на Ефто (Оној што силно љуби мора да губи /
Туѓа си бескрајно), Ерген одев од сите (Се оженив мајко, злото ме нападна). Повеќе

Пред да бидат битни
15 Април 2017

Ако ја тргнеме на страна Кралицата Елизабета Втора никој од овие не се надевал дека еден ден ќе стане светски лидер. Освен веројатно Хилари, ама па за сега не излезе баш по нејзино. Повеќе

Распнатиот човек и претходно имал проблеми со законот
14 Април 2017

Како денеска, со стандардниот новинарски речник, би се пренела веста која повеќе од две илјади години е глобален брејкинг њуз. Повеќе

Цртај бе братучед, цртај
12 Април 2017

Не можеш ти да бидеш толку неспособен за цртање колку што Гугл може да те поправи. Сепак, како што се покажа во нашиот случај, можеш. Ама тоа не значи дека нема надеж за вас. Повеќе

Визит карти на чикашките гангстери
12 Април 2017

Колекцијата потекнува од 70-тите и 80-тите години и претставува занимлив увид во оваа супкултура: симболи, прекари, територии, непријатели и слогани, ставени на визит карти за да се зацврсти единството на бандата, да се одврати конкуренцијата и да се регрутираат нови членови. На македонски, тоа би се рекло: заради бренд билдинг, лојалти програма, демиџ контрол и аквизиција. Повеќе

Да не се поздравуваме
10 Април 2017

После долго боледување, последната желба на еден старец е цигара и чаша вино на кровот на болницата во која лежи. Вон сите протоколи болницата решава да му го овозможи ова. Случката е од Данска, и станува збор за универзитетската болница Архус. Повеќе

Колку тежи вашата чаша?
7 Април 2017

Психолог држи работилница за менаџирање стрес. Во еден момент во рака крева чаша вода. Сите очекуваат дека ќе ги праша дали е полупразна или полуполна. Наместо тоа, таа вели: „Колку тежи чашава?“ Повеќе

Сите погрешни лекции од детството
6 Април 2017

Освен забранетото седење на студен бетон и бањање со вклучен бојлер, од мали сме дресирани панично да се пазиме од промаја, да не излегуваме надвор со мокра коса и да пазиме некој да не ни стави дрога во пијачката. Тоа беа главните насоки за децата родени кон крајот на 20-от век и на сите ни беа јасни како ден. Повеќе

Лексикон на изрази
31 Март 2017

Брак: законско здружување на двајца луѓе за решавање на заедничките проблеми, кои инаку не би ги имале кога не би се здружиле. Повеќе

Знаци дека сте пораснале
29 Март 2017

Растенијата во вашиот стан се живи, но ниту едно од нив не може да се пуши. Повеќе