Следниот филм што треба да го гледаш

Не е еден, и не е конкретен, туку лично од тебе зависи. За да почнеш бираш три филма што ти се свиѓале, и врз основа на нив сајтов ти вади список со филмови што би требало да ти се допаѓаат. И најчесто ги гаѓа. Како со тек на време го дополнуваш својот избор, така и сервисот станува подобар во погаѓање на твојот вкус.

Потоа резултатите можеш да ги рангираш според оценка на Ротен томатос, рејтинг за возраст, година на производство и на кој стриминг сервис можеш одма да ги гледаш (Нетфликс, Хулу, ХБО Го...).

NextQueue тука

27 септември 2016 - 15:09