Зошто децата од 70-тите досега требаше да бидат мртви?

Начинот на кој тогаш растеа деца денес би можел да биде осуден за геноцидни намери од некој Педагошки трибунал во Хаг. Родителите и нивните деца ги прекршија сите можни канони за безбедност кои денеска ги знаеме благодарејќи на науката и кампањите на Владата, па сепак, некако преживеаја.

Си играа со опасни играчки

Пикадо, рачно изработени пикада (шајка, катран, пердув од гулаб), лакови и стрели, 'амазонски' цевки за дување бобинки...

Појаси во кола?

Единственото "клик" што можеше да се слушне во кола беше ако таткото го притиснеше упаљачот за цигари.

Опасни игралишта со вжештен метал, тетанус насекаде

Заштита од сонце не е за деца

Во 70-тите, главна финта беше како да се добие бронзена боја. ЗАШТИТА и БЛОКАДА на зраци практично не постоеја, бидејќи сите бараа начин како да ги ЗАСИЛАТ зраците на кои се печат. Потоа почнаа со фактори, двојка, четворка беа таман. Денес четворка е доволна за дете кое спие во дебела сенка. 

Никој не носеше кациги

Плус ако не те возеле твоите на шипка на точак, другарчињата имаат право да ти зборуваат дека не те сакаат бидејќи најверојатно си посвоен.

Игнорирани и оставани да си играат без надзор

Кој ти го пази детето кога се спушта на тобоганче? Кој го пази кога игра фудбал? Тогаш никој. Денешната препорака НИКОГАШ НЕ ГО ВАДИ ДЕТЕТО ОД ПОГЛЕД своевремено не постоеше. Децата беа охрабрувани во обратна насока (оди надвор да играш) а единствената временска граница беше поврзана со храна (врати се за ручек).

Живееја во постојана опасност да бидат сериозно повредени

Детето на фотографијата само што не е гризнато за гениталии од опасната коза а потоа прегазено од разлутената желка. Па сепак, оној големион цреп на сликата, мува не го лази.

Цветан секундарен Димов насекаде

Во авиони, автобуси, ТВ студија, болнички чекални.... Не дека тогаш никој немаше претстава дека цигарите може да се штетни. Ама, да се најдеа фондови за истражување на секундарната штета од мирисот на хронично запотена мишка, денес ТАКВИТЕ ќе смееја да живеат и работат само на отворено.

4 ноември 2014 - 12:27