Знаци дека сте пораснале

Растенијата во вашиот стан се живи, но ниту едно од нив не може да се пуши.

Во фрижидерот имате повеќе храна отколку пиво.

Во 6 наутро станувате а не си легнувате.

Од 130 дена одмор спаднавте на само 14 дена.

Ве интересира временска прогноза.

Вашата омилена песна се пушта по лифтови во шопинг молови.

Фармерки и џемпер повеќе не се смета дека сте се дотерале.

Вие сте тие што се јавувате во полиција, зашто бесните деца на комшиите не сакаат да ја стишаат музиката.

Постарите роднини немаат проблем да ви кажуваат вицови со секс.

Повеќе не знаете во колку часот затвораат сендвичарниците.

Спиењето на кауч ви предизвикува болки во грбот.

Повеќе не дремете од пладне до 6 часот сабајле.

Вечера и кино веќе не е само почеток на излегувањето туку е целото излегување.

Одите во аптека по кафетин и аналгин а не по кондоми и тестови за бременост.

Шише вино од 150 денари повеќе не се важи за квалитетен пијалак.

Појадувате за време на појадок.

"Веќе не можам да пијам како порано," го заменува "Веќе нема да пијам толку многу."

Го прочитавте цел список само за да најдете еден знак кој нема да се однесува на вас.

29 март 2017 - 16:01