Теорија за неправда или зошто богатите се богати

Семјуел Вајс е измислен лик (полицаец) од стрипот Discworld на Тери Пречет. Ова е неговата теорија за социоекономска неправедност. Се базира на чизми.

Причината зошто богатите се богати, објаснува Вимс, е затоа што тие успеваат да потрошат помалку пари.

Земи ги чизмите како пример. Тој заработува 38 долари месечно плус додатоци. Стварно добар пар кожни чизми чини 50 долари месечно. Ама поволен пар чизми, кој горе-долу е ОК за една или две сезони, и потоа протекуваат од сите страни откако ќе попушти картонот во нив, чинат околу 10 долари. Вимс секогаш купуваше токму вакви чизми, и ги носеше се додека нивниот ѓон не станеше толку тенок што сред маглива ноќ по осетот од калдрмата можеш да кажеш каде си во градот.

Ама работата е што добрите чизми траеа со години и години. Маж кој можеше да си дозволи 50 долари имаше пар чизми кои се уште ќе му ги чуваат нозете суви и за десет години, додека сиромашен маж кој можеше да си дозволи само евтини чизми за истиот овој период мораше да потроши уште стотици долари и пак нозете ќе му беа мокри.

Ова беше "чизма" теоријата за социоекономска неправедност на Капетан Самуел Вимс.

30 септември 2014 - 11:29