Револуционерни бесвесности (2)

Статуата на Матијас (дуплове) Болдвин пред седиштето на градските власти во Филаделфија, заврши согласно правилата на франшизата „шарена револуција“; прво ќе ја исплескаат со боја и графити а пожелно е ако се најде храбар активист да се качи на неа и да ја беси или слично. Добро, кој е тој злотвор Матијас Болдвин?

1. Во 1835 година Болдвин дава пари за изградба на училиште за црни дечиња, многу години пред тие да добијат право на образование. Од свои пари, со години ги плаќа платите на наставниците во училиштето.

2. Матијас Болдвин бил гласен аболиционист и се залагал за укинување на ропството.

3. Се залагал афро-американските граѓани да имаат право на глас 30 години пред да биде укинато ропството.

Инаку, од нула има изградено еден од најуспешните бизниси во Филаделфија, производство на парни локомотиви. Тестаментално има обезбедено работниците во неговата фабрика да ги задржат работните места и после неговата смрт. 40-тина години по смртта на основачoт, компанијата во нејзиниот пик вработувала 18,500 луѓе.

* претходно

13 јуни 2020 - 17:57