Писмото од Коби до Коби

Пред некое време 37-годишниот пензионер Коби Брајант напиша писмо до 17-годишниот средношколски кошаркар Коби Брајант, кој е на еден ден пред потпишување со Лејкерси. Во писмото му ги пренесува сите совети на 17-годишниот себе си што тој би сакал да ги знае пред да стане Коби на тема – пари и роднини / пријатели.

Драг 17-годишен јас,

Кога утре ќе се оствари твојот сон за Лејкерс, треба да најдеш начин како да инвестираш во иднината на твоето семејство и пријатели. Ова звучи просто, и може ќе мислиш дека не е нешто што вреди да го разгледуваш, ама оддели време за дополнително да размислиш околу него.

Реков ИНВЕСТИРАШ.

Не реков ПОДАРУВАШ.

Дозволи да ти објаснам.

Чисто раздавање материјални работи на твоите роднини и пријатели може изгледа како правилна одлука. Ги сакаш, и тие секогаш биле до тебе кога си растел, па изгледа правилно дека и тие треба да го делат твојот успех и се што доаѓа со него. Па им купуваш кола, голема куќа, им ги плаќаш сите сметки. Сакаш да живеат убаво, да имаат комфорен живот, така?

Меѓутоа ќе дојде еден ден кога ќе сфатиш дека колку и да си верувал дека постапуваш правилно, ти всушност не си им дозволувал да напредуваат.

Ќе сфатиш дека тоа што си се грижел за нив било само за ТИ да се чувствуваш добро, ТЕБЕ те правело среќен кога ги гледаш насмеани без никаква грижа на светот - и тоа е екстремно себично од тебе. Додека ти се чувствуваше среќен со самиот себе, ти полека ги трошеше нивните соништа и амбиции. Ти само додаваше материјални работи на нивниот живот, додека им ги одземаше највредните од сите дарови: независност и напредок.

Разбери дека ти ќе бидеш главата на семејството, и дека ова вклучува носење тешки одлуки, дури и ако на твоите роднини и пријатели овие одлуки не им се јасни во моментот.

Инвестирај во нивната иднина, немој само да подаруваш.

Користи го твојот успех, богатство и влијание за да ги ставиш во најдобра позиција за остварување на нивните соништа и наоѓање на нивната вистинска цел во животот. Помогни им да завршат училиште, најди им добри интервјуа за работа и помогни им сами да станат лидери. Барај од нив иста напорна работа и посветеност што ти требаше на тебе за да бидеш таму кај што си, и таму каде што ќе со тек на време ќе стигнеш.

Ти го пишувам ова сега за одма да почнеш со овој процес, за да не мора да се справуваш со болката да ги одвикнуваш од зависноста што самиот ти си им ја создал. Оваа зависност само носи до гнев, презир и љубомора од сите вклучени, вклучително и ти.

Како што минува времето ќе видиш како тие почнуваат самостојно да растат, да развиваат сопствени амбиции и сопствен живот, а твојата врска со нив како резултат на ова ќе биде многу подобра.

Има уште многу што имам да ти пишувам, ама на 17, знам дека немаш доволно внимание за да седнеш и да минеш 2.000 зборови.

Следниот пат кога ќе ти пишувам, може ќе ти кажам нешто за мешањето на роднини и бизнис. Најважниот совет што можам да ти го дадам е направи сè за твоите родители да ти останат РОДИТЕЛИ а не да ти станат менаџери.

Пред да го потпишеш првиот договор, размисли кој е правиот буџет за твоите родители - буџет кој ќе им дозволи убаво да живеат додека истовремено твојот бизнис напредува а луѓето се наместени за долгорочен успех. На овој начин, децата на твоите деца и нивните деца ќе можат да инвестираат во сопствената иднина кога ќе дојде време за тоа.

Твојот живот ќе се промени, и работите ќе почнат многу брзо да ти се случуваат. Ама остави малку ова да ти легне кога навечер стигаш до постела по уште еден 9-часовен ден со тренинзи.

Верувај ми, поставувањето на работите однапред ќе ти спаси тон солзи и срцепарателност подоцна, од кои дел остануваат и ден денес.

Со љубов,
Коби

25 јули 2016 - 16:06