Најдобри Андроид апликации објавени во 2014-та

Наше е да ви кажеме да додржите и да не ја инсталирате секоја можна апликација што ќе ја видите на листава (или на проширената верзија). Ваше е да не' послушате барем 50%.

Фото и видео
Carousel
Апликацијата на Дропбокс за прегледување на фотографиите и видеата што ги имате на Дропбокс. Плус прави бекап на вашите фотографии и (ако сакате) од мобилниот ви ги брише сликите што веќе ги имате во облакот.


Алатки

1Password
Апликацијата ги памти сите ваши пасворди (и информации за кредитни картички) и ги синхронизира на сите уреди што ги имате плус десктоп компјутери, за воопшто да не мора да ги памтите.

Pushbullet
Ова е алката што недостасуваше во врската меѓу твојот мобилен и компјутерот. Веројатно најлагодниот начин за испраќање фајлови, линкови или текст меѓу компјутерот и мобилниот. Од страна на компјутерот се инсталира како екстензија (Фајрфокс или Хром) и можеш да го стави на повеќе уреди.

Комуникација
FireChat
Комплетно незабележана апликација за пораки се додека не се случија протестите во Хонгконг. Главна разлика од сите други апликации на оваа тема е што не и неопходен интернет за комуникација, туку се поврзува и преку блутут.

Продуктивност
Inbox (by Gmail)
Иако Гмаил и понатаму има своја засебна апликација, Inbox преставува нов пристап на Гмаил кон справувањето со меил пораките.


Игри
QuizUp
Најрегуларни квиз прашања на која тема и да одбереш. Разликата е што тука играш против некој од 25-те милиони играчи на апликацијата.

Здравје
Clue
Чисто женска апликација за следење на менструалниот циклус и плодноста.

Наоколу
Word Lens
Преведувачка апликација ама за слики. Фотографираш знак или натпис и апликацијата ти го дава преводот на јазикот што си го одбрал (или на англиски).

Содржини
5by
Ова е замислено како апликација за пуштање видеа што ќе ви се свиѓаат.

Забава
WhoSampled
Наоѓаш музичар и некоја негова песна и апликацијава ти кажува чии се' семплови има користено во песната.

SeriesGuide
За сите што не можат да фатат крај на сериите што ги гледаат, апликацијава треба да им воведе малку ред во живот. И кажуваш кои се серии го следиш, ти кажува што има ново околу нив, и добиваш нотификации секој пат кога ќе излезе нова епизода.

Учење
Coursera
Сите курсеви од Курсера достапни од Андроид.

Lingua.ly
Учење јазици на сите начини освен преку бубање од речници и учебници.

Вести
Yahoo! News Digest
Клучни вести во избор на Јаху, сумирани и испорачани директно на мобилен, два пати на ден.

Watchup
Кои било дневни вести претворени во видео варијанта.

целиот список тука

25 декември 2014 - 17:01