анегдота на денот

Мајлс Дејвис и Ненси Реган

Мајлс Дејвис бил човек кој зборувал малку. А не дека останувал недокажан. Во 1987-ма година бил поканет на вечера во Белата Куќа од страна на Роналд Реган. Не сите присутни го познавале и знаеле за кого се работи. Сопругата на претседателот, Ненси Реган, се одважила и го прашала:

- Се извинувам, што вие сте сториле во животот за да ја заслужите вечерашнава покана?

Мајлс Дејвис и одговорил:

- Па, го имам променето курсот на музиката едно 5- 6 пати. Што сте сториле Вие освен што сте се ебеле со претседателот?

21 мај 2012 - 09:00