Како да напишеш манифест

Денес, пишуваме манифест.

Денес, нашата втора реченица почнува со првиот збор од првата реченица.

Пишуваме кратка реченица.

Потоа една пократка.

Потоа една стварно, стварно долга која можеби нема никва смисла, но веднаш по неа следуваат

Реченици.

Од.

Еден.

Збор.

Потоа ја разјаснуваме нашата поента

Користејќи фрагментирани фрази со предлози.

Со повторување на првиот предлог.

Правеќи го ова вкупно три пати.

И потоа имаме уште една навистина долга реченица која помага да се набилда возбудата околу нашиот концепт, кој е сумиран во збор што нема апсолутно никаква смисла.

Сурме!

2 август 2014 - 11:32