Веб класици

Девојки, ако читате по еден текст дневно, прочитајте го овој

Барак Обама и сопругата решаваат една вечер да излезат од Белата куќа, да прошетаат и да одат на вечера во некој локален ресторан. Без посебна помпа, нешто скромно, колку да се смени нешто.

Додека вечерале, сопственикот на ресторанот го замолил обезбедувањето да ја праша првата дама дали може неколку минути да поразговараат на само. Мишел се сложила и се тргнала на страна за да помуабети.

Кога се вратила на маса, Обама ја прашал - „Кој е овој и што сака да разговара со тебе?“

Мишел му одговорила дека тој ѝ е стар другар од средно, кој некогаш бил смртно заљубен во неа.

На ова, Барак со насмевка ја загледал и рекол: „Значи, да си се омажела за него, сега ќе беше газдарица на ресторанчево.“

Мишел кратко одговорила: „Не, драги. Да се омажев за него, тој сега ќе беше претседател на Америка.“

28 март 2017 - 11:25