Бабата е дебела затоа што е полна со љубов

Избор од најдобрата и најефикасна терапевтска литература која постои на овој свет. Детски одговори на возрасни прашања. Чудесија e колку се подобри од нас.

- Повеќе ја сакам сестрата на мајка ми, отколку мојата сестра. Сестрата на мама ми е тетка а мојата не ми е ништо!

- Мојата мама има бебе во стомакот, само не знам како го проголтала.

- На мајките не им се вика, тие се корисни.

- Кога двајца ќе се заљубат првпат, одма се рушат и не стануваат најмалку саат време, а и повеќе.

- Бабата е дебела затоа што е полна со љубов.

- Девојчињата не можат стоечки да мочкаат затоа што немаат за што да се држат.

- Кога баба ја болат заби, ги остава во чаша.

- Швајцарските крави се користат претежно за правење чоколади.

- Јас немам веќе баба, ја посадија на гробишта.

- За да биде добра, медицинската сестра мора да биде стерилна.

- Пеперутката е инсект од семејството хеликоптери.

- Најкорисно животно е свињата. Од неа може да искористиме сè: месото од напред и од позади, кожата за чевли, влакната за четки а името за пцуење.

- Не сум крстен ама затоа сум вакциниран.

- Не знам колку години има, тоа стално се менува.

- Сите кучиња сакаат вода. Некои ја сакаат толку што живеат во неа. Тоа се морски кучиња.

- Алиментацијата е плата за децата откако таткото ќе се отсели.

- Посвојувањето е подобро од раѓање. Така родителите можат сами да одберат дете а не тоа што им се паднало. 

- Сите риби носат јајца, а руските и кавијар.

- Папата живее во Вакуум.

- Кравите не смеат брзо да трчаат за да не го истурат млекото.

- Кај нас мажите можат да се оженат само со една жена. Тоа се вика монотонија.

- Не разбирам зошто мама ми се налути кога скршив вазна. Беше стара и кинеска а не наша.

- Сестра ми пак помина со сите петки. Она мене тоа намерно ми го прави.

- Нашата баба отиде на оној свет. Сега и ние имаме нeкој во странство.

- Симпатија е:

9 мај 2012 - 14:19