10 непобитни универзални закони

Закон за веројатност - веројатноста дека некој те гледа е директно пропорционална со глупоста на тоа што го правиш.

Закон на гравитација - Која било алатка, шрафче или навртка, кога ќе падне, ќе отиде во најмалку достапното ќоше.

Закон на случајни бројки - Ако свртиш погрешен број, никогаш нема да биде зафатено и секогаш некој ќе ти крене.

Закон за алиби - Ако му кажеш на шефот дека доцниш заради тоа што ти се дупнала гума, уште утре сабајле ќе ти се дупне гума.

Закон за варијации - ако ја смениш лентата (важи и за сообраќај), другата секогаш побрзо ќе се движи отколку твојата.

Закон за бањање - Кога телото е комплетно потопено во вода, ѕвони телефонот.

Закон за блиски средби - Веројатноста да сретнеш некој што go знаеш драматично се зголемува кога си со некој со кој не сакаш да те видат.

Закон за биомеханика - суровоста на чешањето е обратно пропорционална од твојата способност да го достигнеш тоа место.

Закон за кафе - веднаш штом ќе седнеш да се напиеш една шолја топло кафе, шефот ќе те праша нешто што ќе трае сè додека кафето не се олади.

Закон за логичка расправа - сè е возможно ако не знаеш за што зборуваш.

1 март 2017 - 14:24