Мешано

Што му одговорија Козаците на султанот?
15 Февруари 2017

Турскиот султан е Мехмед Четврти. Козаците се од Запорожје. Се спукуваат кај утврдувањето Сич, при што полошо минува османлискиот аскер. Набргу Козаците добиваат писмо од султанот. Набргу и султанот добива одговор од нив. Повеќе

Научи да свириш гитара како да играш Гитар хиро
7 Февруари 2017

Нешто слично како што за Гитар хиро имаш посебна гитара со неколку копчиња што ги стискаш, тука имаш лента со лед сијалички што ја закачуваш на твојата гитара. За разлика од игрицата каде гледаш на екран што треба да стиснеш, тука лентата ти светка која жица и каде треба да ја држиш. Изумот се вика Фрет Цепелин, се врзува безжично за твојот мобилен за да избереш која лекција да ја учиш, и сето ова изгледа како стварно да фунционира. Повеќе

Првиот чекор во Аушвиц
27 Јануари 2017

Утрото на 27 јануари 1945 тенковите на Црвената армија стигнуваат пред Аушвиц. Пред тенковите испречени се само портите на логорот. Чуварите претходно се избегани откако слушаат за напредокот на Советите. Еден од тенковите ги соборува портите и влегува во Аушвиц, по него и остатокот од колоната. Николај Политанов е еден од првите војници на Црвената армија што стапнуваат во Аушвиц. Повеќе

Пикасо, Скопје 63, Битката на Неретва, 12 шишиња вино
26 Јануари 2017

За појаснување на хаикуто од насловот: постерот за Битката на Неретва на англиски јазик е нацртан од Пикасо за 12 шишиња вино, а ова се случува само откако документарецот Скопје 63 ја добива првата награда на филмскиот фестивал во Монте Карло. Повеќе

Филџан вишка на денот
14 Јануари 2017

По спектакуларното парче незапишана историја од 1873, од Босна доаѓа уште еден артефакт што му плука во лице на денешното доживување на соживотот како што е можно погласна борба за својот и своето. Повеќе

Зошто Бугарија и Грција слават Божиќ по "католички календар"?
7 Јануари 2017

Најраспространетиот и неточен одговор е дека се имаат откажано од јулијанскиот и се водат по грегоријански календар. Уште се на јулијански, ама на нешто што се води како – новјулијански или ревидиран јулијански календар. Повеќе

Приказната за осамениот дедо
3 Јануари 2017

Белградски психотерапевт на својот Фејсбук пренесува сцена на која сведочи во една од тамошните пошти. Време 2-ри јануари 2017 (што би се рекло вчера), околу 2 попладне. Повеќе

Искрено CV
2 Јануари 2017

Немојте да ме гушите со тестирања и слични HR будалаштини. Ако веќе се просеравате со западњачки фори, тогаш понудите и западњачка плата и услови за работење. Повеќе

Новогодишна честитка
31 Декември 2016

Денес е првиот ден, почеток.
Ви посакувам да не ве боли тоа што ве болело, а да ве сака тоа што не ве сакало. Повеќе

30 причини зошто 2016 беше одлична година
30 Декември 2016

Британец на кој му е збогтисано да ги гледа сите другари како кукаат за 2016, прави рецензија на годинава, да не заборавиме дека не било сè така црно. Повеќе

Кога Леми го виде Тито
28 Декември 2016

Звучи неверојатно но стварно се имаат сретнато, вечерано и притоа немаат прозборено ни збор. Едниот чија смрт лани ова време ја започна лавината која 2016-та ја направи црна година и другиот, чија смрт покрена лавина срања кои уште трујат наоколу. Што мислите, од кај му на Леми инспирација за онолкави прстени и ордени? Повеќе

Како денес би поминале Пишоња и Жуга?
28 Декември 2016

Сејо Сексон од Забрањено пушење замислува како денес би се развивала ситуацијата со двајцата култни ликови од нивната песна кои пред 30 години откриваа дали море је провод, дали море су коке. "Песната денес би имала тажен хепиенд", вика Сексон. Повеќе

Бесплатни, топли совети до идните бруцоши
27 Декември 2016

Првио семестар ако не се угоеш 20 кила, нешто праеш погрешно и мора да се преиспиташ. Повеќе

24 Декември 2016

Сè почна со една свадба.... Повеќе

Монодрамата на Цеца
5 Декември 2016

Со темата на песната „Дидуле“ на Цеца се заебаваа дури и некои нејзини најпопалени фанови. Но смени го контекстот, преработи ги истите тие зборови во поинаква емоција, интерпретирај ги во нецецин свет и - одма друго е. Повеќе

Што му пиша Ленон на Тито?
2 Декември 2016

Дамнешната 1969 година, на адресата на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито стигнува писмо од интересен испраќач. Писмото има и атачмент. Повеќе

По патот на тутунскиот чад од Кариби до Прилеп
1 Декември 2016

Драган од Охрид, кого сите на каравелата "Санта Марија" го викаа Алонсо де Охеда* не чекаше да биде повикан од Адмиралот и да добие наредба. На 12 октомври 1492 тој прв со своите двајца најдобри другари, Мигуел и Раул, скокна во чамец подготвен за спуштање на брегот на Новата земја, кон која, со така измешани чувства на надеж но и сè повеќе страв тргнаа од Гранада на 12 мај 1492. Повеќе

Како скопските клинци прераскажуваат лектира
30 Ноември 2016

Која книга е ова: "Типов ко фаќаат цајкани за крив кур и у цела книга го дркаат се дур не го сјебат до коска". M? Повеќе

Курс за мажи
28 Ноември 2016

Tоалетна хартија: расте ли таа на држачот? Дали генетските фактори спречуваат да молчите додека таа се паркира? Фундаменталните разлики меѓу кошницата за валкана облека и подот. Повеќе

25 новинарски заповеди
22 Ноември 2016

Пoранешен уредник во Гардијан, Тим Радфорд, го кондензира своето новинарско искуство во јасни, иако понекогаш сурови правила за оние со амбиција да се занимаваат со оваа професија. Повеќе