Треба да ти текне

А на дечкото му текнало да ги најде сите места во Лондон на кои се направени омоти на реге плочи и од тие фотографии да направи книга. Погодете колку пари собра?

Побарал 15 илјади, во моментов има собрано околу 24.000 фунти, а има уште 6 дена за акцијата.

Идејата е да "оживее" 42 омоти на реге плочи кои се направени на територија на Лондон и повторно да ги сликне тие места со плочите на нив.

Едвај чекаме некој наш да се сети да го направи истото со сите свинг плочи издадени во Радовиш.

Како му оди видете тука.

30 ноември 2016 - 09:52