Ругање низ историјата

Има два начина да не ти се допаѓа поезија, едниот е да не ти се допаѓа, другиот е да го читаш Поуп - Оскар Вајлд за Александар Поуп.

- Една од најфините стари дами што ги имам запознаено - Вилијам Фокнер за Хенри Џејмс.

- Колку повеќе читам за него, толку помалку се чудам што го отруле - Томас Бабингтон Мекали за Сократ.

- Одлична актерка, од половината надолу - Маргарет Кендал за Сара Бернхард.

- Тој не би можел носот да си го исекне беа да морализира за состојбата на индустријата за марамици - Сирил Коноли за Џорџ Орвел.

- Не композитор. Клептоман - Игор Стравински за Бенџамин Бритен.

- Тип на човек кој секогаш е на некое друго место кога се повлекува чкрапалото - Џорџ Орвел за Вистон Хју Одн.

- Стилот на Гибон е одвратен, ама тоа не е најлошата работа кај него - Самуел Тејлор Колриџ за Едвард Гибон.

- Тип на човек на кој ако му речеш "Еј Кларк како си?" ќе заглави со одговорот - Ава Гарднер за Кларк Гејбл.

 

27 април 2015 - 17:40