Колку јаде Планината?

Го имавме Двејн Џонсон и неговата исхрана (тука), па го имавме обичниот смртник што проба да се храни како Двејн Џонсон (тука). Сега, на барање на публиката (неговата), Хафтор Бјорнсон на Фејсбук ја објави својата дневна исхрана.

Програмата му е за подготовките за натпреварот за Најсилниот човек на светот 2016, и на никого не му ја препорачува оваа исхрана:

6:50 - Утринско вежбање. Околу 30 минути кардио + CORE
Амино + глутамин + една рака бадеми

7:30 - 8 јајца + 200 гр. овес + боровници и јагоди + авокадо

9:30 - 400 гр. говедско + 400 грама благ компир + една рака спанаќ

11:50 - Амино + глутамин

12:00 - 400 гр. пилешко + 400 гр. компир + спанаќ (или сличен зеленчук) + овошје

14:00 - Во блендер: 150 гр. овес или благ компир, 2 банани, 150 гр. Келогс оризови снегулки, замрзнати зрнести плодови, рака бадеми, путер од кикирики и глутамин.

14:30 - Тренинг за стронгмен
Амино + глутамин + Витарго (јаглехидрати)

17:30 - 60 гр. протеин + 2 банани

18:00 - 500 гр. говедско + компир, спанаќ

20:30 - 500 гр. лосос + 500 гр. благ компир

22:30 - 50 гр. касеин протеин или 6 јајца + авокадо + 30 гр. бадеми + 50 гр. путер од кикирики

По полноќ - 50 гр. касеин протеин или живи јајца.

Во текот на денот пиете многу вода + сокови за да добиете на калории.

Хафтор на ФБ

П.С. последниот пост на Фејсбук му гласи: Deadlifts today. No huge weights for me today but got plenty of work in with many sets at 320kg

Тоа изгледа вака:

27 април 2016 - 13:42