Како најбрзо се кракнува 4 цифрен ПИН?

Сите знаат дека луѓето се лоши во бирање пасворди. А не се лоши туку се -  многу лоши. Старото добро "1234"? Го имаат 10 проценти од луѓето.

На основа на база од 34 милиони ПИН-ови, се добиваат следниве сознанија:

- Над 10 проценти од случајни пинови можат да бидат пробиени со најпростото "1234". Додадете ги 0000 и 1111, и веќе имате околу 20 проценти.

- 26, 83% од пасвордите можат да бидат пробиени со топ 20-те комбинации.

- Најсигурна четирицифрена комбинација е 8068, искористена само 25 пати во овие 3,4 милиони случаи.

- Родендените се популарни. Најчесто започнуваат со 19 и потоа гаѓате во подоцнежните децении од тој век.

- Цели 17,8 проценти од Пиновите се парови, како 7878 или 8181.

- Пинот 2580 изгледа како сосема случаен но е 22 по популарност. Зошто? Затоа што оди по цела средна линија на бројчаникот.

Има и подобри начини да одберете пасворд.

 

22 јули 2014 - 14:02