Гаџетот што нејќеш да стигне во Скопје

Најверојатно е смислен во Америка, најверојатно се произведува во Кина, и е направен исклучиво за нам да ни скорева јадови - персонален мерач на отрови во воздухот. Го вклучуваш во штекер, почнува да го душка воздухот, го анализира и на мобилен ти прави попис на сите отрови и хемикалии што ги дишеш во моментот.

Освен што душка, на уредот има и ЛЕД сијалица која во зависност од загаденоста ја менува бојата. Плус напукан е со еден куп опции и можности за контролирање на други уреди по дома.

Олеснителна околност е што само уредот чини 100 долари, што веројатно само по себе ќе ја пишмани вашата радозналост за тоа колку отров дишете.

Повеќе тука

2 декември 2016 - 19:20