Канта

Тајната на успехот
28 Март 2017

Анализирани се три групи: богати, средна класа и сиромашни, и од што според нив е составен успехот. Едни гледаат работа, други гледаат среќа, трети грабеж. Зависи кој од каде гледа. Повеќе

Американци во редови за зејтин и шеќер
15 Март 2017

Луѓето од североисточните делови од САД беа предупредени дека ги очекува невреме. Погледнете како изгледаат редовите пред самопослуга. Повеќе

Победа над стравот
7 Март 2017

Што да правиш ако живееш во постојан страв дека политиката на Трамп може да ја протера мајката на твојата сопругата, пошто жената е Латино? Да дадеш што е можно попрецизни податоци за неа :) Повеќе

Страв од стравови
6 Март 2017

Добро е што овој сајт го најдовме во понеделник 6-ти а не во петок 13-ти. Инаку, од страв немаше да можеме да признаеме дека сме, кхм: параскаведекатрифобични. Повеќе

Апликација за мапирање на ѓубрето во вашето место
1 Март 2017

Не сме сме умориле од објавувања на ѓубриштата во кои живееме, ама можеби ова ќе испадне ефикасна алатка. Повеќе

Дебакл!
27 Февруари 2017

Не баш дебакл, ама одма е друго кога се прави драма. 4 дена пред наградите ни беа дадени 14 предвидувања за добитници Оскар, на другарска база му дадовме бонус од 2 грешки. Дојде време да се пресметаме. Повеќе

Фотошоп функции на гардеробите за пробување облека
23 Февруари 2017

За нас дифтарите, тие гардероби се само за ептен кога мора да пробаш нешто и ги доживуваме како клаустрофобични катакомби во кои те фаќа склет и следствено, запотуваш мишка. Ама за женскиот свет тоа се храмови во кои посветено и трпеливо се менуваат мантии а се прават и селфија за да се покажуваат по другарки или инстаграми. Некои фирми добро знаат дека тие гардероби (дизајн, позадина, светло) се клучни за донесување одлука „што ми стои добро“. Повеќе

Храната пред да биде набрана
17 Февруари 2017

Додека храната уште е во природна околина, во "фабричкото" пакување, пред да биде препакувана за на полица или тезга. Со мали исклучоци ништо не изгледа како што ние мислиме дека излгеда. Повеќе

Колку беше бескорисен интернетот во 90-те
17 Февруари 2017

Во негова одбрана не беше одвратен и мизерно невоспитан како денес, ама па беше така неупотреблив што комплетно ти разјаснува зошто добар дел од медиумите тогаш не ни помислуваа сериозно да ја сфатат новата играчка. 14 веб страни "што ја издаваат баналноста на раниот интернет". Повеќе

Дизајнер, како тоа евтино звучи
16 Февруари 2017

Сите оние луѓе, што на сите оние дијзајнери, уметници, фотографи и слични занаетчии, им побарале да им сработат нешто гага па парите после ќе стигнат, олицетворени во колекцијата на една изгорена дизјанерка. Повеќе

За германцките работи
10 Февруари 2017

Старата лекторска изрека гласи "цела среќа што не се родивме во Германија". (А ако ја немаат оваа изрека треба под итно да ја воведат!) Повеќе

Непотребна машина за салата
24 Јануари 2017

Извршниот директор на една бескорисна компанија го претставува нивниот најнов производ: бескорисната машина за салата. Ако најдете некој аир од неа, можете да пријавите рекламација. Повеќе

Да видиме што прави Александар Александров
23 Јануари 2017

Дечкото е од Бугарија и се занимава со правење визуелни ефекти за Видео Копилот. Кога ќе му се здосадат ефекти снима видеа и тоа одлично му оди. Повеќе

Како владика оди во офлајн?
10 Јануари 2017

Патријархот московски и серуски, неговото преосвештенство господин господин господин (ваљда имаат едно поише од кај нас) Кирил, лице кое има директна вифи врска со севишниот, во моменти кога е време да се спушти антената. Повеќе

Ја видовте честитката на ФБИ?
29 Декември 2016

Една од најмоќните агенции во светот, ќе си речете имаат ресурси за секакви операции, професионалци од секоја можна структура. Доаѓа време за честитање Нова година и они мртви-ладни на Твитер го пуштаат следниов дизајн: Повеќе