Фото

13 Јануари 2017
Луѓето се познаваат на студ
9 Јануари 2017

Истанбул викендов дочека 40 сантиметри снег, и подеднакво страшен студ. Во истата беља беа и уличните кучиња во градот, за нивна среќа им се паднало да живеат во Истанбул. Повеќе

30 Декември 2016
20 Декември 2016

Фотографија од рускиот амбасадор Андреј Карлов во галеријата во Анкара пред да биде застрелан во грб од човекот што стои зад него. Повеќе

2016 во една фотографија
7 Декември 2016

Сликата на 2016 во меѓународната политика по брегзит, претседателски избори, почеток на претседателска кампања и референдум за устав. Повеќе

Третата опција во воспитување дете
15 Ноември 2016

Првата опција е да му викаш, ама веројатно е дека само дополнително ќе се изнервираш, а он и понатаму нема да те слуша. Втората опција е да го тепаш, ама и покрај првичните успеси, на долг рок ќе бидеш во була. Третата опција, и за сега единствена која изгледа како да успева е - да го срамиш пред другарите / другарките. Повеќе

Другата страна на чудата
28 Октомври 2016

Како кога гледаш вести на телевизија а потоа ќе ја видиш Македонија преку својот прозорец. Повеќе

Како Чиваз стана премиум бренд
12 Октомври 2016

Со курчење, нормално. Едно долгогодишно, упорно и добро изведено удирање на суетатата на оние што сакаат луксуз и чалам. Притоа, ако имаш фанови како Френк Синатра или Хантерс Томпсон, приказната е забетонирана. Серија рекламни принтови на оваа тема.  Повеќе

Конечно музички сервис што може да успее во Македонија
27 Септември 2016

По најразлични Пандори, Спотифај, Тајдл и што се нема да смислат Американците, единственото изводливо решение, кое изгледа сосема природно и како да ќе се зафати кај наш народ, доаѓа од Мексико. Kонкретно од улиците на Мексико сити. Повеќе

Ручек кај Реџепи
16 Септември 2016

„Јадењето во ресторанот Нома во Копенхаген испадна најскапиот ручек што сум го имал во мојот живот. Па сепак од таму излегов со насмевка и едвај чекам повторно да отидам“, се вели во еден блог-запис. Како изгледа храната што чини 500 долари по човек? Повеќе

Пред компјутерските ефекти
9 Септември 2016

Ова е тоа по што плачат филмаџиите кога зборат "сè е на компјутер правено". Фотографии од снимањето на "Драга, ги смалив децата" од 1989-та, време без компјутерски ефекти, и време со вистински мајстори за сценографија. Повеќе

50 нијанси црвено
26 Август 2016

Олимпијците на Британија во Рио собраа рекорден број медали. Триумфалниот поход назад заглави на првиот чекор во татковината, кога сфатија дека некој од британскиот олимписки комитет на цела можна британска олимписка делегација им купил идентични црвени патни торби. Повеќе

Уметност на украински цветни круни
2 Август 2016

Украинците, поточно Украинките имаат традиција на создавање на круни од цвеќе, кои ги носат млади, немажени жени со цел да ја покажат својата "чистота" и подобност за брак. Круните се чисто филигранство со цвеќиња и останати растенија. Едно студио, Трети Пивни, одлучи малку да ја воскресне традицијата. Повеќе

Фотографски лаги и измами
8 Јули 2016

Има многу магија во тоа да не знаеш како е направена некоја фотографија и да ја водиш дека ете некако му се погодило на фотографот. Тоа "му се погодило на фотографот" отприлика е веројатно колку и на вас да ви се погоди на лото. Повеќе

До туристите е
1 Јули 2016

Фотограф решава да се расшета низ светов и да ги праша локалците што тие мислат околу туристите и како ги доживуваат. Наслoвот на фотосесијата е "Fucking Tourist", инспирација за насловот е еден локалец кој одбил да биде фотографиран, порачувајќи "еби се, не сакам да бидам на разгледница." Повеќе

Актерите и оригиналот
22 Јуни 2016

Десетици биографски филмови и визуелна споредба меѓу глумците што ја одиграле улогата и ликот што го глумат. Повеќе

Толеранција, затоа што парите на сите ви се исти
18 Јуни 2016

Мекдоналдс за Еуро 2016 со кампања за помирување, или ако ништо друго барем толеранција меѓу навивачите (бидејќи ретко кој бизнис видел ќар од закрвени навивачки орди).

  Повеќе

16 Јуни 2016