Зезалици

Приказна за шармот на Роџер Мур
26 Мај 2017

Роџер Мур е еден од оние луѓе што ќе ги памтиме само во една димензија, како лежерен агент 007 кому му оди добро со девојки, а на лошите не им оди добро со него. Зад таа димензија којзнае што човек може да е, може идиот, може прекрасен лик. Има една супер интересна анегдота за него, која барем малку ја открива неговата секојдневна природа. Како се ближи кон крајот, приказната станува сè поинтересна.... Повеќе

А ќе речеш не може нешто да е поглупо од спинер
26 Мај 2017

Како не може, а смартфон апликација за спинер? Виде. Без никакви предрасуди ја има и за Ајфон и за Андроид, па кој сака нека врти вртиуелно. Повеќе

Совршената реченица
26 Мај 2017

Има ли, на крајот на краиштата, нешто посуетно на светот од писател? Особено во моментот кога се гледа очи в очи со својата совршена реченица. Ох, боже, каква грозна, одвратна немоќ! Повеќе

Така говореше Мур. Роџер Мур.
24 Мај 2017

За некои луѓе ти е криво што ќе ги нема макар заминале на завидна 89 годишна возраст. Така ни е за Роџер Мур, господин човек кому некогаш му замераа што изгледа преблаго за еден таличен агент на британската кралица. Ама на едно снимање како ќофте го има претепано Ли Марвин по што овој има изјавено „Го потценив, дечкото е карпа“. Роџер Мур, со зборови. Со свои зборови.  Повеќе

Не баш матурантски слики на денот
22 Мај 2017

„Ќе снимам фаци додека имаат оргазам“, решила 24 годишната фотографка Алина Освалд за својата дебитантска фото - изложба и тргнала во поход по заинтересирани младинци и младинки од Берлин. Фотките се готови и јасно е дека зад нив стои доста рачна работа.    Повеќе

Таргетирано вежбање
21 Мај 2017

Одбирате дел од телото кој сакате да го стегнете, дефинирате или набилдате и веднаш во гиф ги добивате вистинските вежби за таа група мускули. А вежбите прекрасни, би можеле со денови да ги гледаме. Повеќе

Личниот имот на Тито
19 Мај 2017

Сè уште постојат луѓе кои можат од прва рака да посведочат каков бил односот на Јосип Броз кон богатството, личниот имот, наследството, семејството, државата. Еден од нив е Раиф Диздаревиќ, некогашен претседател на претседателството на СФРЈ, во интервју за Ослобоѓење, од април 2017. Повеќе

Што еден народ може да научи од волците?
18 Мај 2017

Бидејќи оние силни историски лекции за формациите на фалангата и слично не ни помогнаа баш многу, да пробаме да научиме нешто од волците. Пазете, овде дури и за нив имаме погрешна претстава па ја шириме онаа дека „на волкот му е дебел вратот зашто сам си ја брка работата“. А не е баш така. Да видиме како функционира една волчја формација во секојдневието. Повеќе

Како да препознаете чие дело е сликата?
18 Мај 2017

Кратко и ефикасно упатство за трупови, како да препознаат дело на некој од најголемите мајстори на сликањето на сите времиња.

  Повеќе

Тираж на неделни магазини, топ 25 Југославија 1983
13 Мај 2017

Да, тогаш немаше интернет. Да, тогаш немаше он-лајн вести и агрегатори. Да, тогаш можеше да фатиш само 3 телевизиски канали. Да, тогаш немаше Фејсбук. Да, знаеме сè што немаше. Може сега да почнеме? Повеќе

Цртање живот
12 Мај 2017

Дали е цинизам ако е точно, и слични дилеми што доаѓаат од името на мексиканскиот цртач на стрипови "Илустриран цинизам", кој успева снајперски да ги удене твоите проблеми без никогаш да те запознае. Повеќе

Лудус, апликација за слајдови какви што никогаш нема да направиш
11 Мај 2017

Затоа што преку глава од Пауерпоинт и затоа што направиле презентација да се осетиш ко стварно да е проблемот во Пауерпоинтот. Повеќе

Некој го мислел ова бе
5 Мај 2017

Јасно е дека ова не е смислено од еден човек, ама пак нè интересира како изгледа денот на барем еден од луѓето што успеале да дојдат до овие заклучоци, и да им честитаме колку им е добро. Повеќе

Нема да ти се верува што ќе ти кажам
3 Мај 2017

Интернет "место каде сè може да биде наведено како извор и каде секое несогласување деградира во соба полна орангутани кои фрлаат измет едни на други". Повеќе

Хиерархија на првомајска скара
2 Мај 2017

Фалат тие двете што само да завршат на едно друго место и ќе дојдат, и фамилијата со двете мали деца што читале дека од следната година (кога овие ќе наполнат четири) сè ќе биде полесно. Повеќе

Совети за руски туристи: Не ги споредувајте Кенијците со мајмуни
1 Мај 2017

Руското министерство за надворешни работи издаде брошура со упатства за тоа што Русите кои патуваат во различни земји треба, и уште поважно, не треба да прават за да не дојде до недоразбирање или конфликт со мештаните. Главна препорака за оние кои доаѓаат на овие простори е да пазат на зборовите кои содржат пичка и кур. Повеќе