Видео

 

Маливе на сè ќе се навикант, со вас старките е проблем. Се нешто некој не е од ваша :) Повеќе

(ама би било фер веднаш да додадеме: да имавме и повеќе кои сакаат да слушнат....) Ако сте за, Џордан Петерсон од Универзитетот во Торонто, за пет минути ќе ви ја објасни природата на политичките убедувања (и друго). Прашајте се себеси што мислите за границите. Не само државните, туку и оние меѓу сексуалните афинитети, јазиците, идеите.... Треба ли тоа да се меша или треба да има ред?

Не се работи за живот во некоја од нашиве закрвени преторијански орди. Али, исти курац. Меган Фелпс Ропер има растено со луѓе од една од најконтроверзните американски цркви, Вестборо баптистичката. Како и кај овие првиве, во таа заедница светот е многу едноставен: доброто сме ние а злото сè друго.

Не ново во гигабајти и херци, туку ново во дизајн и изглед. Додека сите зјапаа во смартфони и таблет уреди, луѓево работеле на создавање феноменален дизајн на персонални компјутери.

Џемс Ренди е еден симпатичен старка кој до свои 60 години изведуваше магионарски трикчиња а потоа се пензионираше и со задоволство по телевизии раскринкуваше секакви преваранти кои тврдеа дека имаат надприродни и паранормални моќи. Една компилација од таквите моменти.  

30 години пред да се случи целиот овој метеж со Трамп, социјални мрежите, лажните вести и алтернативните факти, Ноам Чомски и Едвард Херман ги анализираа пиларите на пропагандата, механизам кој не важи само за земји како Северна Кореја или Иран.

Овдешните ЕУ фетишисти честопати зборуваа за таа Унија како да е тоа еден монолитен блок од вредности (па се колнат во неа исто како што тоа некогаш се правеше по Тито: Да са твог пута не скренемо). Полскиот европарламентарец Јануш Корвин, на тема зошто жените треба да заработуваат помалку. 

Не е палата, ама е почеток. Куќата има 37 метри квадратни и чини нешто над 10.000 долари, испечатена е од руската компанијата за 3Д печатење Апис Кор и тоа со подвижен 3Д печатач кој можеш да го носиш директно на локацијата за печатење / градење.

Со вистинска мајка, секое бебе знае да биде корисно за некоја работа.

Викаат дека треба да си ги пуштиш нозете колку што ти е долго чергичето. Но, што ако дури на стари години дознаеш колку ти било долго чергичето? Почекајте да ја видите шокираноста на стариот кога ќе слушне која е вистинската цена на индијанското килимче кое со децении им се мотало по дома.

Сонот на секој од нас, да се возиш со кола и одеднаш некој ничим изазван да те почасти со пица. И покрај сето она силно обезбедување, папамобили и булетпруф стакла, пицата стигна до клиентот. За носење му е.

Ќе ви се види позната оваа равенка. Има тројца во неа и секој секого мисли дека држи за јајца. И тоа е само почетокот.

Демократи, избори, Демократска партија, Трамп, претседател, Републиканци, политичка коректност, сељачишта, интелектуалци, навредени, образовани, што, како, зошто се случи, сумирани во 19 секунди од Бил Маер.

По принципот на техничка, само за готвачи. Ми загоре, го пресолив, ми остана, и слични разнебитувања на твојата верба дека те бива за готвење, одговарани и решавани лично од Гордон Ремзи.

Убаво е да се знае разликата меѓу педалата за гас и онаа за кочница. Особено ако си паркиран во катна гаража. На седми спрат.

Уште една тура славни луѓе што читаат гневни твитови за себе, само овој пат собрани во Оскаровско издание со подеднакво достојна постава.

Местото ви звучи познато затоа што го имате чуено на поминување, како родниот град на првата дама на САД, Меланија Трамп. Американците отидоа до Словенија да направат репортажа за местото во кое е родена и израсната "една од најголемите ќерки на Словенија". И вака, Словенија ко Словенија, мирно.

За сите оние кои се убедени дека се борат за храна „онаква каква што ни ја дала природата“. Таква каква што ни ја дала, тие не би ја ни препознале како храна. Денешната „природна“ пченка е 1.000 пати поголема од природната.

Што да прави човек среде луѓе со Туретов синдром? Да се изнапцуе на раат. Фино интервју со прочуениот невролог Оливер Сакс. Уште делот со боите да се оствари па сите оние околу нас кои се слепи за бои да развијат некои други вештини. 

Торбата ја добива секој можен номиниран за Оскар, а и покрај тоа ваквото раздавање нема врска со Академијата туку е дело на маркетинг компанијта Дистинктив асетс. Во неа поклоните почнуваат од лабело од 5 долари, па нагоре.